Регулаторна

Од полноќ нова цена на дизелот

14.06.2024 19:21

Цената на дизелот на полноќ се зголемува за два денари за литар, додека кај бензините нема промена и тие и натаму ќе се продаваат по истата цена. Зголемување на цената за два денари има и кај екстра лесното малсо за домаќинства...

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот на полноќ се зголемува за два денари за литар, додека кај бензините нема промена и тие и натаму ќе се продаваат по истата цена. Зголемување на цената за два денари има и кај екстра лесното малсо за домаќинства.

Литар дизел од полноќ ќе се продава за 73,5 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство за 72,5 денари за литар. Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 80 денари, а еуросупер БС-98 ќе чини 82 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот и натаму ќе изнесува 43,639 денари.

Со одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 проценти во однос на вчерашната одлука.