Политика

Движењето ЗНАМ ги утврди кандидатите за министри во идната влада

14.06.2024 20:43

Движењето ЗНАМ за наша Македонија на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, на седница на Централниот одбор, ги утврди кандидатите за министри во идната влада...

Движењето ЗНАМ за наша Македонија на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, на седница на Централниот одбор ги утврди кандидатите за министри во идната влада.

Според коалициониот договор, ЗНАМ би добил две министерски места, а партијата ги предлага за министер за правда Игор Филков, а за јавна администрација Горан Минчев.

Имињата за членови на новата влада од партијата на Максим Димитриевски беа утврдени на седница на партискиот Централен одбор вечерва, а потоа на прес-конференција ги соопшти Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ.