Се спушти завесата на МТФ „Војдан Чернодрински“
Со доделувањето на наградите, македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ ја спушти завесата на годинашново 58-мо издание. Најдобра е претставата на струмичкиот театар кој ја добива наградата по 45 години. Мотото на фестивалот „Промени се, промени сè“ останува двигател за македонската театарска сцена...

Спуштена е завесата на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Последните аплаузи ги добија наградените и најдобрата претстава „Црна дупка“ на струмичкиот театар кој наградата ја добива токму на 75 годишнината од постоењето.
Тимската работа на сцена и професионалноста се пресудни за високи естетски квалитети.
Фестивалското мото „Промени се, промени сè“ полека го применува македонската театарска уметност, а Фестивалот се надградува.
Со своите гласови, публиката за најдобра ја избра „Дупло дно“ на прилепскиот театар.
Елизабета Митреска