Свет

ЕУ се согласи за почеток на пристапните преговори со Украина и Молдавија

15.06.2024 09:52

Амбасадорите на Европската унија официјално договорија почеток на пристапните преговори со Украина и Молдавија, соопшти белгиското претседателство со унијата...

Амбасадорите на Европската унија официјално договорија почеток на пристапните преговори со Украина и Молдавија, соопшти белгиското претседателство со унијата.

Преговорите ќе почнат на меѓувладините конференции на 25-ти јуни. Белгија на социјалната мрежа „ИКС“ објави дека одлуката треба официјално да биде одобрена од министрите за финансии и за економија, кои ќе се сретнат следниот петок. Унгарија засега се откажа од своето противење на пристапот на Украина за членство во ЕУ.

Официјална Будимпешта извести дека се сомнева во оценката на Европската комисија дека Украина е подготвена.

Украина аплицираше за членство во ЕУ неколку недели откако Русија ја почна инвазијата на Украина во февруари 2022 година. Четири месеци подоцна и беше доделен кандидатски статус.