БЛИСКИ ИСТОК
Г 7 го повикаа Израел да ги почитува човековите во Газа и да се воздржи од офанзивата во Рафах
15.06.2024 10:04
Г7 исто ги повика сите инволвирани страни да дозволат непречен пристап до хуманитарна помош...

Лидерите на седумте водечки светски земји го повикаа Израел да ги почитува човековите права во војната во Газа и да се воздржи од голема офанзива во Рафах.
Во декларацијата најостро го осудија нападот на Хамас на 7-ми октомври, заедно со стратегијата на групата да користи цивили како штит. Г7 исто така ги повика сите инволвирани страни да дозволат непречен пристап до хуманитарна помош.
Минатиот месец американскиот претседател Бајден претстави трифазен план кој предвидува целосен и неограничен прекин на огнот од шест недели, како прв чекор за постигнување траен прекин на огнот.
