Јужна Африка
Сирил Рамафоса реизбран за претседател на Јужна Африка
15.06.2024 10:11
Рамафоса убедливо го победи Јулиус Малема, лидерот на екстремно левичарските борци за економска слобода...

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса е реизбран за втор мандат. Пратениците го изгласаа откако неговата партија „Африкански национален конгрес“ постигна коалициски договор со главната опозиција и други партии. Рамафоса убедливо го победи Јулиус Малема, лидерот на екстремно левичарските борци за економска слобода.
71-годишниот Рамафоса обезбеди втор мандат со помош на пратениците од втората по големина партија, Демократска алијанса, откако АНЦ го загуби 30-годишно парламентарно мнозинство на изборите пред две недели.
