театарски фестивал „

Во Прилеп заврши 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

15.06.2024 10:30

Со доделувањето на наградите и со концерт во нивна чест, синоќа во Прилеп заврши 58-иот Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Претставата „Црна Дупка“ од Горан Стефановски во режија на Љупчо Ѓоргиевски и во продукција на Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица ја доби наградата за уметничко остварување...

Спуштена е завесата на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Последните аплаузи ги добија наградените и најдобрата претстава „Црна дупка“ на струмичкиот театар кој наградата ја добива токму на 75-годишнината од постоењето.

Тимската работа на сцена и професионалноста се пресудни за високи естетски квалитети.

Фестивалското мото „Промени се, промени сè“, полека го применува македонската театарска уметност, а фестивалот се надградува.

Со своите гласови, публиката за најдобра ја избра „Дупло дно“ на прилепскиот театар.

 

Елизабета Митреска