Макрон: Франција се соочува со сериозен историски момент пред изборите
За политичките сојузи формирани пред изборите, вели дека се маневрирање и истите не можат да ги покријат длабоките разлики, особено околу Украина и Газа...

Франција се соочува со сериозен историски момент пред парламентарните избори, изјави францускиот претседател Макрон. За политичките сојузи формирани пред изборите, вели дека се маневрирање и истите не можат да ги покријат длабоките разлики, особено околу Украина и Газа.
Лидерите на француските левичарски партии се здружија во нова коалиција и го претставија нивниот план да ја спречат екстремната десница да ја преземе власта на претстојните избори.
Предвременото гласање на 30-ти јуни и 7-ми јули беше поттикнато од одлуката на Макрон да го распушти националното собрание по неуспехот на европските избори.
