Пресуда за „Монструм“: Шест доживотни казни, еден ослободен
По повеќе од година и половина судење, со враќање на процесот на почеток, падна пресудата за грозоморното убисто кај Смилковското Езеро...

Доживотен затвор за шестемина, ослободителна пресуда за едно лице во случајот „Монструм“. По повеќе од година и половина судење, со враќање на процесот на почеток, падна пресудата за грозоморното убисто кај Смилковското Езеро.
Доживотна казна затвор добија и двајцата првоосомничени, кои во Косово издржуваат казна затвор од 2,5 години за недозволено поседување оружје.
Судот единствено утврдил дека обвинетиот Сејди Рами, не е виновен и тој е ослободен од сите обвиненија.
Обвинетите на Велики Четврток пред две години убија пет лица кај Смилковското Езеро, меѓу кои четири млади момчиња и еден повозрасен човек.
Според обвинението, повеќекратното убиство имало за цел да внесе страв кај населението и да креира нестабилност во земјата.
