„Погон“ - Дводневен саем за природни и технички науки во Битола
Поради дефицит од висококвалификуван кадар, како и желба на децата од најмала возраст да им се промовираат и да им се претстават како интересни, предметите за кои најмалку имаат интерес, тим од техничкиот факултет во Битола, го организираше првиот дводневен саем за природни и технички науки во земјава…

Отпорот, кој последниот период во континуитет се создава кон природните и техничките науки, веќе ги дава негативните ефекти во високо образовниот процес. Бруцоши се помалку на овие насоки, иако ваквиот кадар станува насушна потреба за стопанството и науката. Стефан Митревски и неговите другари се едни од оние кои веќе пливаат во овие научни води и со гордост се претставија на саемот.
Непопуларните состојби. главен предизвик на битолските професори и наставници, преку дводневен саем, да се прикаже бенефитот од поседувањето на ваква диплома, и дека не е нешто посебно да се дојде до неа
На првиот саем од ваков вид во земјава, интерес за учество пријавија и одреден број стопански субјекти како и заинтересиран родители, а провејуваше и такмичарскиот дух.
Александра Максимовска
