ОЈО

30 дена притвор за осомничената за двојното убиство во Кратово

15.06.2024 16:11

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка на 37-годишната кратовчанка која ги уби сопругот и свекорот и определи 30-дневен притвор...

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка на 37-годишната кратовчанка која ги уби сопругот и свекорот и определи 30-дневен притвор.

При вршење семејно насилство на 13-ти јуни, осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната, зела нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко. Од повредите тие починале на лице место, информираа од обвинителството.

Телата на убиените се предадени на обдукција.