Бојчевски: Проблемот со одлевањето здравствен кадар е аларманен
Новиот министер за здравство се чека како „ладна вода“ во горештините, велат од синдикатите. Напластените проблеми во овој сектор бараат брзина во донесувањето на правилни одлуки оти во спротивно, очигледен е колапс на системот…

Со нетрпение ги чекаат новата влада и назначувањето на новиот министер за здравство за да им ги решат натрупаните проблеми, велат од Независниот синдикат на здравствени работници. Ќе бараат регионализација на јавното здравство низ градовите, заради поголема достапност на пациентите од руралните средини и покриеност од 24 часа со здравствени услуги.
Претседателот на Независниот синдикат, Бојчевски, посочи дека проблемот со одлевањето здравствен кадар е алармантно. Ординации има, но доколку итно не се смени политиката за поголеми субвенции и помош, како и за пензионирањето на лекарите, тие ќе останат да зјаат празни.
Поради нефункционалноста на операционите сали во Клиничкиот центар, се оптоварија хирурзите во општите болници „8 Септември“ и „Св. Наум Охридски“. Синдикалците бараат помош од колегите.
Независниот синдикат на здравствени работници и Здружението на приватни лекари претходно потпишаа меморандум за соработка.
Фиљана Кока
