Образование

Институциите да подготват анализа за квалитетот на образованието, бара професорската фела

15.06.2024 17:01

Училишната година завршува и за основците, а министерството допрва ќе анализира дали новината со пролетниот распуст даде резултат. За професорите, кусите одмори и за учениците и за наставниот кадар се повеќе од потребни. Со новиот владин кабинет и овој ресор ќе добие нов министер, а стручната фела упатува пораки да се направат темелни анализи околу промените кои бараат итност за подобро образование.

„Ако сакаш да уништиш една нација, уништија го образованието“, многу често и доста долго ја слушаме оваа теза кога говориме за состојбата во образовниот систем во сите структури. Ни претстои нова промена, за десетина дена, овој сектор ќе го предводи нов министер, ќе следат нови реформи. Професорската фела со препорака, стручните институции да подготват анализа за квалитетот на образованието, да се креираат политики и да се подготви модел во кои ќе се има доверба, дека е во најдобар интерес на учениците и на наставниот кадар.

„Веднаш да се направи анализа каков е квалитетот на наставата, и паралелно да се обезбедуваат условите за наставниците со цел да реализираат подобра настава. Подобрување на менаџерските услови, вклучување на локалната самоуправа уште повеќе во подобрување на условите“, вели универзитетскиот професор Кирил Барбареев од Штипскиот универзитет.

Според професор Барбареев, воведувањето на кратки периоди на пауза како што беше пролетниот распуст е добро и потребно, но инфраструктурно не сме подготвени. Потребно е да се работи на подобрување на условите за работа на наставниците, како би можеле да спроведуваат квалитетна настава.

„Она што е наш недостаток е што она што е во најдобар интерес на децата, инфраструктурно не е соодветно, 90 проценти од училиштата немаат за греење и ладење на просториите. Но, тоа се прашања кои не се поврзани. Овде треба стручната јавност заедно со креаторите на политиките да го подготват моделот, треба да се има доверба дека тоа што се прави ќе бидат во интерес на учениците“, дополни Барбареев.

Подобрување на квалитетот ќе зависи од соработката на сите стручни институции во обезбедување на хармонизиран процес со култура на споделена одговорност и ќе работат во подобрување на воспитно образовниот процес.

 

Марина Стојанова – Тонева