БЛИСКИ ИСТОК

Израел со дневни тактички паузи ќе овозможи испорака на хуманитарната помош

16.06.2024 10:11

Паузата ќе биде од 8 до 19 часот секој ден до понатамошно известување, по патот што води од точката Керем Шалом до патот Салах ад Дин и понатаму на север...

Израелските вооружени сили најавија дека ќе преземаат дневни тактички паузи во рамките на нивните операции во јужниот дел на Појасот Газа за да овозможат испорака на поголема количина хуманитарна помош.

Паузата ќе биде од 8 до 19 часот секој ден до понатамошно известување, по патот што води од точката Керем Шалом до патот Салах ад Дин и понатаму на север, се вели во соопштението на израелските сили на социјалната мрежа „Икс“.

Трасата по која ќе се прават паузите се наоѓа јужно од градот Рафах, каде што продолжуваат операциите на израелските сили. Според Израел, Рафах е последниот бастион на палестинското исламистичко движење „Хамас“.