Во Вардар кај Градско, гемиџиите пронајдоа човечки труп

30.06.2014 09:43

За две недели втор машки труп пронајден во велешкиот ревир на реката Вардар. Учесниците на вардарската регата „Гемиџии“, пловејќи кон Гевгелија, после Градско забележале човечки трупот. Телото е предадено на обдукција по што ќе биде познат идентитетот...

Гемијата, сплавот, десетте чамци и стотината учесници на 16-тата Вардарска регата „Гемиџии“, по четири дена пловење по Вардар, денес стигнаа во Гевгелија. Згодите и незгодите веднаш почнаа да се прераскажуваат. Пловењето со гемијата било незаборавно, како што за сите незаборавен е и моментот  кога во реката здогледале човечки труп.

„Ние веславме надоле, после Градско мислам дека беше. Ние немислевме дека е човек, по каишот познавме дека е човек“, рече Џафер Нурчев, учесник на регатата.

„Наидовме на една несакана ситуација, веќе леш подолго време удавен во реката веќе беше  исфрлен на површината“, рече Иле Попов, учесник на регатата.

СВР Велес го потврди настанот. Полицијата го извлекла телото кое по барање на јавното обвинителство е предено во Судска медицина за обдукција. Идентитетот сеуште е непознат.

Ова не е прв случај учесниците на регатата пловејќи по Вардар да пронајдат човечи труп.

„Сме наоѓале и ќе наоѓаме. Ние мислевме дека ова е лешот на нашиот сограѓанин кој подолго време се бара“, рече Себо Шачќиров, организациски одбор на Вардарска регата „Гемиџии“.

 За само две недели ова е втор човечки труп пронајден во велешкиот ревир на реката Вардар.

 

Дијана Иванова