Прилеп

Односите со јавност во општините, неопходни за комуникација со граѓаните

16.06.2024 10:35

Односите со јавност во општините се запоставени, иако има одредени подобрувања. Комуникацијата со граѓаните е и законска обврска, но што се случува на теренот? Потребна е и обука.

На секоја општина односите со јавност ѝ се неопходни за основната цел – комуникација со граѓаните. Оваа гранка е запоставена. Има општини каде нема ниту лице за односи со јавност, а не пак служба. Тоа не е ниту портпаролство, ниту класично новинарство. Потребни се едукација и обука, сметаат од ЗЕЛС.

Граѓаните се скептични за комуникацијата.

Според членот 8 од Законот за локална самоуправа, општините се должни да ги информираат граѓаните и за тоа да обезбедат средства.

Пелагониските општини добија и обука. Комуникацијата меѓу граѓаните и општините мора да биде непречена.

 

Елизабета Митреска