Енергетика

Дали струјата ќе поскапи или новата влада тоа ќе го сопре?

16.06.2024 10:47

Новата цена би важела од 1-ви јули. Од друга страна многу дилеми и прашања дали може техничката влада да носи и вака важна одлука...

Извори во Владата брифираа дека е планирано зголемување на цената на струјата за пет проценти, а од ЕВН пак дека таква одлука нема.

Новата цена би важела од 1-ви јули. Од друга страна многу дилеми и прашања дали може техничката влада да носи и вака важна одлука. На 20-ти јуни е закажана аукцијата на тендерот за набавка на струја за домаќинствата, а потоа Регулаторна ќе донесе одлука.

Имајќи предвид дека поскапувањето ќе ги погоди оние што немаат пари и ја штедат струјата за да добиваат сметки со пониски суми, од Регулаторната комисија најавија дека ќе се направи анализа со цел, доколку е можно, евтината тарифа да се продолжи за уште еден час.

Во предизборната кампања лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски најави дека ќе ја укине новата давачка од 200 денари за пристап до мрежа. Од Регулаторна тогаш реплицираа дека во таков случај, цената на струјата во евтината тарифа би можела да се зголеми за дури 15 проценти.