Русија
Драма во руски затвор, припадници на Исламската држава држат заложници
16.06.2024 11:34
Група затвореници од истражниот затвор во Ростовската област, кои зедоа затворски персонал како заложници, бараат да им се обезбеди автомобил и слободно да го напуштат објектот...

Заложничка драма во затвор во Русија. Група затвореници од истражниот затвор во Ростовската област, кои зедоа затворски персонал како заложници, бараат да им се обезбеди автомобил и слободно да го напуштат објектот.
Руските медиуми јавија дека насилниците се членови на терористичката организација Исламска држава, која е забранета во Руската Федерација.
Преговорите за ослободување на заложниците се во тек.
