Здравство

Велешката болница доби ургентна единица

16.06.2024 12:01

Пациентите кои се во животозагрозувачка состојба од поширокиот регион на Велес, здравствена помош ќе добиваат во ургентната единица, новина во работата на велешката болница...

Од почетокот на април, велешка болница има Ургентна единица, место каде се згрижуваат пациентите од велешко, кои се во животозагрозувачка состојба. Таа работи 24 часа дневно.

Ургентната единица е лоцирана веднаш до одделението за радиодијагностика, што е многу важно за брзо доаѓање до дијагнозата на пациентот.

Бидејќи велешката болница покрива со здравствени услуги дел од автопатот од Катланово до Градско, со почетокот на летната сезона имаат и зголемен број на интервенции. За пациентите се грижат сите доктори од болницата.

Потребата од ургентна единица во велешка болница беше присутна со години, а се реализираше пролетва.

 

Петар Печков