Честитки од државниот врв по повод Курбан Бајрам
Муслиманските верници го слават Крбан Бајрам, државниот врв со честитки до верниците од исламска вероисповед...

Муслиманските верници го слават Крбан Бајрам, државниот врв со честитки до верниците од исламска вероисповед.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во честитката за курбан бајрам порача-да си даруваме и помагаме, да си бидеме поткрепа еден на друг, заедно во добро и лошо, без разлика на верската, етничката, половата или која било припадност и да работиме на просперитетот на нашата татковина и благосостојбата на сите македонски граѓани.
Премиерот на техничката влада Талат Џафери во честитката за празникот напиша – Курбан бајрам нека биде причина за собирање околу семејното огниште, за споделување на радостите, успесите, меѓутоа и грижите и проблемите, затоа што семејството е суштинското јадро и клетка од која почнува и се гради здраво општество со позитивни вредности и стандарди.
Курбан бајрам е потсетник на човечкото постоење, како и на големото значење на меѓусебната доверба. Дојде време заеднички да изградиме поцврсти темели за подобар животен стандард за секој еден граѓанин, стои во честитката од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски.
