Груевски- Нарухито: Интензивирање на соработката на инвестициски план
Премиерот Никола Груевски, денеска во Токио се сретна со престолонаследникот, јапонскиот принц Нарухито. Средбата е дел од роуд шоуто на владината делегација, во која е и вицепремиерот Зоран Ставрески. По Токио, следуваат Сеул, Хонг Конг и Кина. Засилена економска соработка, размена на искуства и на студенти во областа на здравството, договорено во Јапонија...

Одлични политички односи, позитивна соработка меѓу Македонија и Јапонија, континуиран политички дијалог на највисоко ниво, констатирано е по средбата на Премиерот Груевски со јапонскиот престолонаследник Нарухито. Се согласиле да се интензивира и продлабочи економската соработка, трговската размена и соработката на инвестициски план за кои постои целосна политичка поддршка .
„Беше многу важно да го инфомрирам за деталите за правење бизнис во Македонија, за политичкиот моментум и за нашите следни чекори и на политички план во однос на европските и евроатланските интеграции и на економски план, во однос на одличната бизнис клима која и искреиравме, и условите за правење бизнис како на домашните така и на странските компани“, изјави премиерот Груевски по средбата.
Владината делегација што ја предводи премиерот се сретна и со влијателни членови од јапонскиот Парламент. Потенцирана е подготвеноста за продолжување на парламентарната соработка, а ќе се интензивира и формирањето парламентарна група во јапонскиот парламент за соработка со Македонија. Премиерот Груевски бил информиран и дека ќе се зголеми бројот на јапонски стипендии за македонските студенти и пост- дипломци. Ќе се интензивира и соработката во здравството.
„Задоволство е денеска да му бидеме домаќини на премиерот Груевски. Се надевам дека нашата помош во областа на медицината ќе биде значајна. Премиерот Груевски ќе се сретне со нашиот тим, ќе ги види можностите. Ова ќе биде можност лекарите од вашата земја да не посетат да престојуваат овде и да се обучуваат“, изјави Тоцео Тамута, директор на Јапонската општа болница.
„Оваа болница е напредна во многу области, особено се истакнува во делот на ортопедската хирургија и во делот на рехабилитација од повреди, а исто така е и на одличен глас, овдека во Јапонија, во делот на третман на канцер. За краток период треба да ги договориме деталите“, рече перемиерот Груевски.
Премиерот и владината делегација ќе се обратат на бизнис форумот за промоција на поволностите што ги нуди Македонија за реализација на странски инвестиции.
Лидија Чакар
