Мировен самит за Украина

Сиљановска – Давкова: Војната во Украина е европски и светски проблем

16.06.2024 14:18

Војната во Украина не засега сите и сите треба да помогнат да се најде соломонско решение за Украина кое ќе гарантира траен мир, порака во обраќањето на македонската претседателка Сиљановска – Давкова на самитот во Швајцарија…

Кон војната во Украина не треба да се однесуваме како кон украински проблем туку како европски и светски проблем, порача од самитот во Швајцарија, претседателката Сиљановска – Давкова. Посочи дека неподелени биле мислењата за дијалогот како здрава работа и дека бројноста на учесниците не спречило да се дојде до единствени сознанија.

Шефицата на државата додаде дека оваа војна не засега сите, а сите треба да помогнат да се најде соломонско решение за Украина кое ќе гарантира траен мир.

На маргините на самитот, Сиљановска – Давкова оствари средби со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и со грчкиот премиер Киријакод Мицотакис со кого како што рече си ги честитале и победите.

Средба остварила и со претседателката на швајцарската конфедерација, Виола Ахмерд, а ден претходно се сретна и со потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис на која и се заблагодарила на континуираната поддршка од сад од кои очекува натамошно зајакнување на билатералните односи со како наш стратешки партнер.

 

Фиљана Кока