Утре во ЦУК координација за урнатиот ѕид кај Детска клиника
Утре ЦУК на координативната средба со претставниците од Градот Скопје и Општината Центар и Министерството за здравство ќе разговараат да се изнајде решение за проблемот со санацијата на потпорниот ѕид зад Клиниката за детски болести, кој се сруши мината недела...

Центарот за управување со кризи на координативната средба со претставниците од Градот Скопје и Општината Центар и Министерството за здравство ќе разговараат да се изнајде решение за проблемот со санацијата на потпорниот ѕид зад Клиниката за детски болести, кој се сруши мината недела.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, вели дела проблемот е мошне итен, зашто може во секој момент да се случи некоја незгода.
Во однос на барањето на граѓаните да се постават семафори или кружен тек кај крстосницата на булеварот „Васко Карангелески“ пред објектот на СВР Скопје, во ЦУК велат дека разговарале со Градот Скопје да се реши овој проблем.
Игор Панов
