САД

Бајден и Трамп ќе се соочат на прва дебата пред претседателските избори

16.06.2024 15:58

Дебатата ќе трае 90 минути со две паузи. Двајцата кандидати се согласија да се појават на еден подиум, а нивните позиции ќе се одредат со фрлање паричка...

Претседателот на САД, Џо Бајден и неговиот противник, поранешниот претседател Доналд Трамп ќе се соочат на прва дебата пред претседателските избори, организирана од Си-ен-ен на 27-ми јуни.

Дебатата ќе трае 90 минути со две паузи. Двајцата кандидати се согласија да се појават на еден подиум, а нивните позиции ќе се одредат со фрлање паричка. Микрофоните ќе бидат исклучени во текот на дебатата, освен на кандидатот чиј ред е да зборува.

Трамп и Бајден за време на дебатата ќе имаат само хартија, пенкало и шише вода.