Политика

Мицкоски го соопшти составот на владата од коалицијата „Твоја Македонија“

16.06.2024 21:22

Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција ги соопшти имињата за кадровските решенија во новата влада од коалицијата „Твоја Македонија“, што вечерва беа потврдени од Извршниот и Централниот комитет на партијата.

Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција ги соопшти имињата за кадровските решенија во новата влада од коалицијата „Твоја Македонија“, што вечерва беа потврдени од Извршниот и Централниот комитет на партијата.

Ова се предлозите за министри во новата Влада:

Заменик министер на Владата и министер за транспорт – Александар Николовски;

Министер за одбрана – Владо Мисајловски;

Министер за финансии – Гордана Димитриеска Кочоска;

Министер за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски;

Министер за локална самоуправа – Златко Перински;

Министер за информатичко општество и дигитална трансформација – Стефан Андоновски;

Министер за спорт – Борко Ристовски;

Министер за енергетика, рударство и минерални суровини – Сања Божиновска;

Министер за земјоделство – Цветан Трипуновски;

Министер за култура и туризам – Зоран Љутков;

Министер за внатрешни работи – Панче Тошковски;

Министер за образование и наука – Весна Јаневска;

Љупчо Димовски, заменик-претседател на Владата, одговорен за политички систем,

Иван Стоиљковиќ, заменик-претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците,

Шабан Салиу, министер без ресор задолжен за имплементација на декадата на Ромите.

Мицкоски претходно најави дека предлог составот и програмата на владата ќе ги достави до Собранието задутре, по што треба да биде закажана собраниска седница за избор на новиот владин кабинет.