Дополнет огласот за јавни функции во надлежност на Собранието
Првиот оглас беше објавен на 23-ти овој месец, и се однесуваше на 35 јавни функции, претежно претседатели и членови на управни одбори во агенции, и членови на комисии...

Собранието на Република Македонија, и Комисијата за прашања на изборите и именувањата, го дополнија огласот за ангажирање лица за повеќе јавни функции, кои се во нивна надлежност.
Со новиот оглас се бараат компетентни и високо мотивирани кандидати за позициите, Генерален секретар на државната комисија за спречување на корупцијата, седум членови на Комисијата за заштита од дискриминацијата и Генерален секретар на Комисијата за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Првиот оглас беше објавен на 23-ти овој месец, и се однесуваше на 35 јавни функции, претежно претседатели и членови на управни одбори во агенции, и членови на комисии.
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 20-ти идниот месец.
