Поголема поддршка за растително производство
До 1-ви јули земјоделците можат да поднесуваат барања за субвенции. Платежната агенција на одгледувачите на овци и на кози кај кои не е завршен пописот на животните, порачува веднаш да стапат во контакт со ветеринарните друштва со цел завршување на работите до крајот на месецов. Со новите податоци сточарите ќе можат да поднесат барања за реална бројна состојба на добитокот. На сметките на земјоделците треба да се најдат скоро 6 милијарди денари...

Со 2 милијарди денари годинава ќе се субвенционира растителното производство, а со помал дел сточарството.
Право на државна помош земјоделците ќе имаат и за премии за осигурување склучени од 1-ви август 23-та до 31-ви јули 2024 година со максимален износ на поддршка од 150.000 денари по корисник.
За заштита на земјоделско земјиште е обезбедена финансиска поддршка за анализа на физичките и хемиските својства на почвата за стопанствата кои направиле агрохемиски или педолошки анализи годинава, а ќе се покриваат 80 проценти од трошоците, но не повеќе од 12.000 денари.
Остануваат и досегашните мерки за складирање на пченицата, субвенцијата за зелената нафта која се покриваат 100 проценти од трошоците за набавка на дизел гориво за земјоделска механизација, но не повеќе од 100.000 денари по земјоделско.
Барањата се поднесуваат електронскиот, а пријавувањето е до 1-ви јули годинава.
Методија Трајков
