Украина
Продолжуваат борбите на украинскиот фронт
17.06.2024 09:31
Во изминатите 24 часа, руските сили извршиле серија напади во регионите на Киев, Харков, Херсон и Доњецк...

Жестоки борби и натаму се водат на речиси целата линија на фронтот во Украина. Во изминатите 24 часа, руските сили извршиле серија напади во регионите на Киев, Харков, Херсон и Доњецк.
Завршната декларација на Мировниот самит во Украина, што се одржа во Швајцарија, ја потпишаа 80 држави, но не и земјите од БРИКС, Мексико, Индонезија и Тајланд.
Помошта од Западот не е доволна за Украина да победи во војната, но самитот покажа дека меѓународната поддршка останува силна, оцени Зеленски.
Украинскиот претседател вели дека Киев уште утре ќе седне на преговарачка маса, ако Москва се повлече од нивната територија.
