Хагари: Хезболах не носи до раб на ескалација што може да има катастрофални последици
Серија експлозии ги потресоа населбите од двете страни на израелско-либанската граница. Израелски воени авиони го уништија воениот комплекс на Хезболах во јужен Либан, додека десетици ракети беа истрелани од правец на Либан кон северен Израел. Тел Авив предупреди за можна ескалација.

„Зголемената агресија на Хезболах не доведува до работ на она што би можело да биде поширока ескалација што може да има катастрофални последици за Либан и за целиот регион. Хезболах ја загрозува иднината на Либан – за да може да биде штит за Хамас“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската одбра.
Тензично и во Црвено Море, каде што беа регистрирани две експлозии во близина на брегот на Јемен. И додека се чека на прекин на огнот по планот на претседателот на САД, Бајден кој воедно беше потврден со резолуција на ООН, лидерот на Хамас, Исмаил Ханије рече дека одговорот на последниот предлог за прекин на огнот е во согласност со принципите наведени во планот на американскиот претседател.