Повисока цена на струјата од утре

30.06.2014 13:22

Новина од јули, ќе биде тоа што процентот за ангажирана моќност од 33 насто, веќе нема да се искажува одделно во сметките, туку ќе биде вклучен и искажан во цените...

Од утре, цената на струјата за домаќинствата ќе се зголеми за 3,4  проценти. Соодветно ќе се зголемат скапата и евтината тарифаза домаќинствата. Досега, скапиот киловат чинеше 4,05, а евтиниот 2,03 денари.

Новина од јули, ќе биде тоа што процентот за ангажирана моќност од 33 насто, веќе нема да се искажува одделно во сметките, туку ќе биде вклучен и искажан во цените.

Иако енергетските компании прикажале поголеми трошоци за инвестиции, сепак, Регулаторната комисија пресметала дека ова зголемување ќе ги  покрие нивните трошоци, и ќе овозможи одредена профитабилност на енергетските компании.

Кај ЕЛЕМ, зголемувањето се должи на вложувањата во новите рудници за јаглен, кај МЕПСО се покриваат зголемените трошоци за откуп на струја од обновливите извори, а кај ЕВН трошоците се должат на фактот што 220 компании излегоа на слободниот пазар и не учествуваатво покривање на дел од трошоците за тарифните потрошувачи.