Австралија

Албанес и Ли Кианг се сретнаа во Канбера

17.06.2024 09:41

Австралија и Кина разговараа за подобрување на комуникацијата меѓу војските на двете држави со цел да се избегнат инциденти.

Австралија и Кина разговараа за подобрување на комуникацијата меѓу војските на двете држави со цел да се избегнат инциденти. Премиерите Албанес и Ли Кианг се сретнаа во Канбера.

„Мислам дека дијалогот помага. Ние се вклучуваме во разговори на многу директен начин за некои од разликите што ги имаме. Ги покренав прашањата и за во Пацификот, вклучително и човековите права, како и Австралијците кои се осудени на смртна казна на која се противиме“, изјави Ентони Албанес, премиер на Австралија.

Австралиско-кинескиот писател Јанг Хенџун доби условна смртна казна од кинескиот суд, пет години откако беше уапсен и обвинет за шпионажа. Според австралиските власти, казната може да биде сменета во доживотен затвор по две години.