Комплетирано второ коло, старт на третото на Светското во Србија
Очекувани резултати се забележаа и по комплетирањето на второто коло во групите Ц и Д одиграни вчера во Зрењанин и Нови Сад.
Во Ц групата со високите победи на Ангола над Парагвај 37:12 и светските првенки Норвешка над Аргентина 37:18, остануваат на врвот во поредокот, но Анголките сеуште до денеска кога одат на Полска немаат налетано на европски противник. Дербито на денот Шпанија-Полска заврши во полза на шпанките 26:20, но и натаму на табелата предничат Полските ракометарки.
Покрај Ангола-Полска, денеска на паркет во оваа група Шпанија-Аргентина и Норвешка-Парагвај.

Д групата донесе 100% учинок на Европските репрезентации од која една беше и со меѓусебен дуел Германија-Чешка со 5 плус за Германките 37:32, што ги остава на врвот заедно со Романките кои одиграа декласирачка партија со аутсајдерот Австралија 32:13. Унгарките не така убедливи но со важни два бода на контото со триумфот над Тунис 26:24.
Третото коло во оваа група ги носи дуелите: Чешка-Тунис, Германија-Романија и Унгарија-Австралија.
Четвртиот ден пак значи и комплетно трето коло, а тоа пак подразбира настап на 12-те селекции и од А и Б групите.
Во А, Холандија-Франција, Црна Гора-Доминиканска Р. и Ј.Кореја-Конго.
Во Б групата меѓусебно ќе се одмерат Кина-Јапонија, Бразил-Србија и Данска-Алжир.
Ирена Андреевска-Димитриевска