Камерон: На Европа и се потребни промени за да успее
Камерон е убеден дека политика на Јункер ги блокира реформите во Унијата...

Во интервју за Би-Би-Си, британскиот премиер Дејвид Камерон изјавил новиот претседател на Европската комисија, Жан Клод Јункер бил посветен на проевропските политики и ќе бидат направени обиди повторно да се отворат преговорите за односот на Обединетото Кралство и Унијата. Но Конзервативниот британски премиер не се откажува од идејата во 2017 година да организира референдум за ова горливопрашање доколку Британците во 2015 одново му доверат мандат.
„Моја должност е да работам за националните интереси на Британија. Според мене, тоа би била реформата во ЕУ, во референдумот за реформите во Унијата“, изјави Камерон.
Јункер е избран за претседател на Европската Комисија, функција со голема одговорност и моќ. Комисијата подготвува закони, ги контролира националните буџети, ги спроведува спогодбите на Унијата и преговара за меѓународните трговски договори. Камерон е убеден дека неговата политика ги блокира реформите во Унијата.
„Случувањата во последно време покажуваат дека на Европа и се потребни промени за да успее. Ако сте сериозни, како што сум јас, ќе се борите независно од пречките, проблемите и предизвиците на кои ќе наидете. Треба да се почитуваат желбите на сите членки, и на оние како Британија кои не сакаат уште поголема интеграција“, нагласи Камерон.
Само Британија и Унгарија гласаа за блокирање на изборот на поранешниот премиер на Луксембург којшто се смета за силен поддржувач на посилна политичка унија во рамките на ЕУ. Камерон се обиде да ги премисли членките на Унијата во врска со изборот на Јункер, но неуспешно.
Она што е релевантно за Македонија, но и за другите земји-кандидати за членство во Европската унија е изјавата на Јункер дека нема да има проширување во наредните пет години.
