НАТО размислува да го стави нуклеарното оружје во состојба на готовност
Во екот на војната во Европа, НАТО разговара за дополнително распоредување нуклеарно оружје поради заканите од Русија и Кина, изјави генералниот секретар Столтенберг. Предупреди дека Пекинг вложува во модерно вооружување, а нејзиниот нуклеарен арсенал ќе порасне на 1.000 боеви глави до 2030 година...

Во екот на војната во Европа, НАТО разговара за дополнително распоредување нуклеарно оружје поради заканите од Русија и Кина, изјави генералниот секретар Столтенберг. Предупреди дека Пекинг вложува во модерно вооружување, а нејзиниот нуклеарен арсенал ќе порасне на 1.000 боеви глави до 2030 година.
Жестоки борби и натаму се водат на речиси целата линија на фронтот во Украина. Напади во регионите на Киев, Харков, Херсон и Доњецк.
Завршната декларација на Мировниот самит, што се одржа во Швајцарија, ја потпишаа 80 држави, но не и земјите од БРИКС, Мексико, Индонезија и Тајланд.
Помошта од Западот не е доволна за Украина да победи во војната, оцени Зеленски.
