Лидерите на ЕУ ќе разговараат за распределба на водечките функции
Шефовите на држави или влади на земјите-членки на ЕУ вечерва на неформална средба во Брисел...

Шефовите на држави или влади на земјите-членки на ЕУ вечерва на неформална средба во Брисел.
Се разговора за носителите на највисоките функции во Унијата по изборите за Европскиот парламент. Актуелната претседателка на еврокомисијата, Урсула Фон дер Лајен е кандидатка за реизбор на функцијата.
Таа доаѓа од редовите на Европската народна партија. Како најсериозен кандидат за претседател на Европскиот совет се споменува името на поранешниот португалски премиер Антонио Кошта од Социјалистичката партија, којашто е дел од Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите.
За висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, како наследник на Жозеп Борел се споменува името на естонската премиерка Каја Калас, иако, не е исклучено на оваа позиција да биде назначен белгискиот премиер во заминување Александер Де Кро.
