Водовод го продолжува рокот за плаќање на заостанатите долгови без камата до 15-ти јули

30.06.2014 13:54

Од Водовод со апел - граѓаните да ја искористат можноста за плаќање без камата...

Заостанатите долгови за вода ќе можат да се платат без камата и без нотарски трошоци до 15-ти јули. Водовод го продолжи рокот. Од јавното претпријатие објаснуваат дека ваквата одлука ја донеле поради огромниот интерес кај граѓаните за сервисирање на обврските, без дополнителни трошоци.

Бројот на корисници што доаѓаат на наплатните пунктови постојано се зголемува. Долговите се плаќаат во целост или со склучување договор за плаќање на рати. Доколку се решите за втората опција, трошоците за нотарска заверка на договорите паѓаат на терет на јавното претпријатие, а не на корисниците.

Од Водовод со апел - граѓаните да ја искористат можноста за плаќање без камата. Досега се склучени над 2.500  договори.