РКЕ

До крајот на месецот ќе се знае дали ќе поскапи струјата

17.06.2024 13:46

Колку ќе поскапи струјата? Првиот човек на Регулаторна комисија, Бислимовски, вели дека треба да се почека иако е категоричен дека има неколку лоши вести...

До крајот на месецот ќе се знае дали ќе поскапи струјата. Првиот човек на Регулаторна комисија, Бислимовски, вели дека треба да се почека иако е категоричен дека има неколку лоши вести. Според Бислимовски, цената која што е утврдена за ЕСМ од страна на Владата 60 евра за мегават час, е зголемување за 3 евра од претходната цена. Исто така наместо 100 проценти, сега ќе се обезбедуваат 85% од потребите на малите потрошувачи, домаќинствата кои што се снабдувани од универзалниот снабдувач. Но она на што е категоричен, е, како што вели, грубата манипулација и лага на пекарите дека лебот поскапува заради поскапувањето на струјата.

Топлите денови ја актуализираат и ситуацијата со водата. Според Бислимовски, таа е во исклучително лоша ситуација.

Регулаторна комисија се бори да издејствува единствена цена и за водата, бидејќи, како што вели Бислимовски, сега определува само минимална и максимална цена, а потоа советите на општините носат конечна одлука. На ваков начин, според Бислимовски, има можност за политичка манипулација и игра на цената на водата.

 

Катерина Топалова