Македонија

Средба на претседателот на Уставниот суд, Костадиновски и италијанскиот амбасадор Силвестри

17.06.2024 13:52

Централна тема на разговор, како што соопштуваат од Уставниот суд, беше испитување на можностите за остварување на билатерална соработка помеѓу уставните судови на двете држави.

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и судијата Ана Павловска-Данева, денеска остварија работна средба со италијанскиот амбасадор во земјава, Адреа Силвестри.

Централна тема на разговор, како што соопштуваат од Уставниот суд, беше испитување на можностите за остварување на билатерална соработка помеѓу уставните судови на двете држави.

Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот Силвестри за приоритетите во неговиот мандат. Амбадсадорот Силвестри пројави интерес за прашањата поврзани со обезбедувањето на независноста и самостојноста на Судот, како и за транспарентноста и отвореноста на Уставниот суд.

На средбата беа разменети мислења на теми поврзани со реформирање на правосудниот систем, при што судиите изразија надеж дека реформскиот процес во сферата на правосудството ќе се одвива во согласност со Уставот и во рамките на уставните принципи.

Амбасадорот Силвестри изрази поддршка за најавените приоритети и најави дека лично ќе се заложи за унапредување на билатералните односи во полето на уставното судство и подобрување на севкупната соработка, стои во соопштението.