Песков: Изјавата на Столтенберг за нуклеарното оружје е уште една ескалација на тензиите
Во екот на војната во Европа, НАТО разговара за дополнително распоредување нуклеарно оружје поради заканите од Русија и Кина, изјави генералниот секретар Столтенберг. Предупреди дека Пекинг вложува во модерно вооружување, а нејзиниот нуклеарен арсенал ќе порасне на 1.000 боеви глави до 2030 година...

Во екот на војната во Европа, НАТО разговара за дополнително распоредување нуклеарно оружје поради заканите од Русија и Кина, изјави генералниот секретар Столтенберг. Предупреди дека Пекинг вложува во модерно вооружување, а нејзиниот нуклеарен арсенал ќе порасне на 1.000 боеви глави до 2030 година.
Од Кремљ реакција-таквата реторика е недозволива. Ова не е ништо повеќе од уште една ескалација на тензијата-вели портпаролот Песков. На целата линија на фронтот во Украина продолжуваат жестоки борби. Напади во регионите на Киев, Харков, Херсон и Доњецк. Во истовреме, рускиот претседател Путин е во посета на Северна Кореја со цел зацрвстување на односите со стариот сојузник кој ја поддржува офанзивата на Москва во Украина.
Помошта од западот не е доволна за Украина да победи во војната-оцени Зеленски на мировниот самит во Швајцарија каде што завршната декларација ја потпишаа 80 држави, но не и земјите од БРИКС, Мексико, Индонезија и Тајланд.
