Урнатиот ѕид зад Детска клиника треба да го поправи Министерство за здравство
Урнатиот потпорен ѕид зад Детската клиника во Скопје треба да го поправи Министерството за здравство, бидејќи е ограда на еден објект од комплексот универзитетски клиники, рече денеска Драги Тарчуговски, државен советник во Центарот за управување со кризи...

Урнатиот потпорен ѕид зад Детската клиника треба да ја поправи Министерството за здравство, бидејќи е ограда на објект од комплексот Универзитетски клиники, децидни од Центарот за управување со кризи. Координативниот состанок следуваше по институционалното префрлање на одговорноста.
На средбата договорено да се бара долгорочно решение и за подземните води, кои се веќе површински води на улицата „Белградска“. Градоначалничката Арсовска најави состанок со Општина Центар.
Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, апелираше надлежните институции што побрзо да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид во Клиничкиот центар во Скопје. Експертската јавност со години алармирала.
Урнатиот потпорен ѕид претставува опасност не само за пешаците, туку и за безбедно одвивање на сообраќајот.
Игор Панов
