Италија

Прв голем топлотен бран во Италија, на Сицилија и Сардинија најавени 44 степени

17.06.2024 17:08

Италија летово ја зафати првиот голем топлотен бран, кој пристигна со африкански антициклон, зголемувајќи ја температурата на 40 степени Целзиусови, 10 степени над сезонските просеци...

Италија летово ја зафати првиот голем топлотен бран, кој пристигна со африкански антициклон, зголемувајќи ја температурата на 40 степени Целзиусови, 10 степени над сезонските просеци.

Веб-страницата viLMeteo.it предвидува дека бранот сахарска жештина наскоро ќе ја зафати цела Италија, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Основачот на таа веб-страница, метеорологот Антонио Сано изјави дека денеска и утре живата во термометарот ќе скокне на 32 до 34 степени Целзиусови во централна и северна Италија, а уште потопло ќе биде на Сицилија и Сардинија.

„Од среда до петок ќе биде уште потопло“, најави Сано.

Се очекува во Рим, Неапол, Фиренца температурата да достигне 40 степени, а на Сардинија и Сицилија таа да биде во интервал од 42 до 44 степени.

„Следниот викенд африканскиот антициклон ќе ја загуби силата“, рече Сано, додавајќи дека многу силните врнежи од дожд кои се очекуваат на север ќе ги намалат температурите во сите региони.