ЕУ очекува Приштина и Белград да спречат ескалација на состојбите во северно Косово
Европската Унија очекува од косовските власти да преземат мерки за деескалација на состојбата во северно Косово, но во исто време тоа го очекува и од српската страна, изјави главниот портпарол на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано...

Европската Унија очекува од косовските власти да преземат мерки за деескалација на состојбата во северно Косово, но во исто време тоа го очекува и од српската страна, изјави главниот портпарол на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.
– Двете страни имаат обврски и должност да сторат сè што можат заедно со нивните сојузници, сателити и партнери за да спречат каква било форма на ескалација, посочи Стано во одговор на новинарско прашање за ставот на ЕУ околу заплената на оружје и српски униформи од страна на косовската полиција во северниот дел на Косово.
Стано нагласи дека доколку ЕУ увиди натамошна ескалација, тогаш нема да остане само на вербални изјави, туку ќе преземе и конкретни мерки за да го спречи постојаниот циклус на ескалација на тензиите и да ги натера Белград и Приштина да се вратат на дијалогот и да работат на имплементација на постигнатите договори.
