Македонија
Извршната директорка на НДИ, Стефани Раст во посета на Собранието
18.06.2024 09:07
Како што информираат од собраниската прес-служба, од 9:30 до 10:30 часот, Раст ќе има средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши...
Собранието денеска ќе го посети извршната директорка на НДИ, Стефани Раст.
Како што информираат од собраниската прес-служба, од 9:30 до 10:30 часот, Раст ќе има средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, а од 10:30 до 11:20 часот ќе има средба со пратеници на СДСМ - Јован Митрески, Оливер Спасовски, Сања Лукаревска.
Од 14:15 до 14:45 часот ќе оствари средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ - Христијан Мицкоски, Никола Мицевски.
