Македонија

Свечена академија по повод 65-годишниот јубилеј на ФЕИТ

18.06.2024 09:51

На академијата, како што најавуваат организаторите, треба да се обратат Владимир Атанасовски, декан на ФЕИТ, Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, како и претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска – Давкова.

Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ – Скопје вечер ќе одржи Свечена академија по повод одбележување на својот 65-годишен јубилеј.

На академијата, како што најавуваат организаторите, треба да се обратат Владимир Атанасовски, декан на ФЕИТ, Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, како и претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска – Давкова.

По завршување на Академијата ќе бидат промовирани и дипломираните инженери и магистри на Факултетот.