Нова ИТ стратегија за развој на ИТ бизнисот

30.06.2014 15:15

Се креира акциски план што ќе ја дефинира соработката меѓу компаниите и државата, граѓаните да добијат услуга – создадена според нивните потреби, а не според технологијата. ИТ бизнисот ќе се фокусира на клауд системот...

Компаниите да се ориентираат кон развој на софтвер, да создаваат додадена  вредност што ќе ја движи индустријата напред, факултетите кон генерирање квалитетен информатичко- комуникациски кадар. Државата ќе ги подржи и бизнисите и науката. Во стратегија за развој ќе бидат дадени насоките и дефинирани целите.

„Имајќи во предвид голем интерес од странски компании за квалитетен ИКТ кадар ќе се фокусираме на создавање на тој кадар кој излегува од академијата, а со оглед дека глобализацијата го прави своето, треба нашите компании да го сменат начинот на работа и да се фокусираат кон создавање на софтвер“, вели министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

Се креира акциски план што ќе ја дефинира соработката меѓу компаниите и државата, граѓаните да добијат услуга – создадена според нивните потреби, а не според технологијата. ИТ бизнисот ќе се фокусира на клауд системот, според кој се работи во ЕУ.

„Сметаме дека и Република Македонија почнува со дефинирање на нештата и работење во клауд системот, недостасува кадар и заедно со факултетите ќе се обидеме да обезбедеме кадар за да испорачаме квалитетни услуги“, нагласи Саша Огненовски,ИКТ Комора при ССК.

ИТ индустријата да дефинира какви инженери да излегуваат од Академијата, да создвава сопствени продукти, да ги поттикне младите кон иновации и претприемништво е пораката од науката до ИТ бизнисот.

„Со странските компании почнуваме подлабока соработка на развој на истражувачки проекти, ќе почнеме не само за развој на аутсорс, туку и за зголемување на истражувачките проекти“, изјави деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов.

„Ова е добра прилика заедно со компаниите да видиме како да ги образуваме нашите инженери и какви да бидат студиските програми“, нагласува Миле Станкоски, декан на ФЕИТ.

Стратегијата треба да даде одговор како и каде треба да се движи примената на информатчките технологии во индустријата – одговор што го бараат странските компании.

 

Сузана Фиданска- Стоевска