Во Собранието сè уште ги нема измените на Законот за локална самоуправа
Иако беа најавени, во Собранието сè уште ги нема измените на Законот за локална самоуправа, со цел да нема предвремени избори во општините чии градоначалници ќе станат министри...

Иако беа најавени, во Собранието сè уште ги нема измените на Законот за локална самоуправа, со цел да нема предвремени избори во општините чии градоначалници ќе станат министри.
Од коалицијата Вреди предлагаат назначување ве-де градоначалници до одржувањето на редовните избори в година наесен. За законот е потребно двотретинско и Бадентерово мнозинство, па според некои информации се чека поддршката од ДУИ.
Според предлогот на мандатарот Мицкоски, двајца актуелни градоначалници, Тимчо Муцунски на Аеродром и Арбен Таравари на Гостивар, одат во извршната власт. Блерим Беџети од ДУИ, кој стана пратеник, ја остави општината Сарај со ве-де градоначалник.
