ИН МЕМОРИАМ

Почина Иван Андреевски – Маче, поранешен директор и уредник во МРТ

18.06.2024 11:41

Основач е на скопската програма и утринската програма на Македонската Радио-телевизија. Бил директор и одговорен уредник на Телевизија Скопје од 1986 до 1990, бил ангажиран како дописник за „Ројтерс“, „Слободна Европа“ и „Јутел“. Бил претседател на Советот на ЈРТ.

На 17 јуни на 77-годишна возраст ненадејно почина Иван Андреевски – Маче, роден 1947 година, во Доленци, демирхисарско.

По завршувањето на Факултетот за политички науки во Белград, како стипендист, работи во Радио телевизија Скопје, како новинар во документарната редакција. Работел на репортажи, документарни филмови, фељтони.

Основач е на скопската програма и утринската програма на Македонската Радио-телевизија. Бил директор и одговорен уредник на Телевизија Скопје од 1986 до 1990, бил ангажиран како дописник за „Ројтерс“, „Слободна Европа“ и „Јутел“. Бил претседател на Советот на ЈРТ.

Од 1997 до 2006 година беше претседател на Здружението на новинари на Македонија. Беше и член на Советот за радиодифузија. Добитник е и на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин“.

Погребот, по негова желба, ќе биде на селските гробишта во неговото родно Доленци во петок, на 21 јуни.