Почина Стојан Андов – првиот претседател на Собранието на независна Македонија
Андов беше познат е како политичар од времето на СФРЈ, ориентиран кон пазарната економија, искусен и успешен политички преговарач во современиот домашен политички амбиент, но и како политичар со меѓународна репутација...

На 89-годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов.
Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград.
На првите повеќепартиски избори во 1990 година, беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и стана претседател на Собранието во јануари 1991 година. Повторно е избран за пратеник и на изборите во 1994 година и за претседател на Собранието.
Во тоа својство по атентатот над претседателот Киро Глигоров ја извршуваше функцијата привремен претседател на Македонија од октомври 1995 до јануари 1996 во периодот до закрепнување. Андов е избран за пратеник и на изборите 1998 година, а веќе идната година на изборите беше и кандидат за претседател. На 30 ноември 2000 година повторно е избран за прв парламентарец и на таа должност остана до септември 2002 година.
Андов е автор на делата „На мој начин“, „Патувањата на далечниот исток – Ирак“, „Ставот и љубовта“, „Кико, Американецот и Приказната на Марија“.
Игор Панов
