Македонија

Собранието ги избра составот на Буџетскиот совет на Собранието и на Советот на Собранискиот канал

18.06.2024 12:07

За претседател на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија е избран Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието, а за заменик-претседател Сања Лукаревска, претседател на Комисијата за финансирање и буџет.

Собранието на денешната петта седница ги избра составите на Буџетскиот совет на Собранието и на Советот на Собранискиот канал.

За претседател на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија е избран Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието, а за заменик-претседател Сања Лукаревска, претседател на Комисијата за финансирање и буџет. Членови на Буџетскиот совет се избраа пратениците – Бојан Стојаноски, Ели Панова, Игор Здравковски, Лидија Петковска, Халил Снопче, Фатмир Битиќи, Ељми Азири, Илир Хасани и Борислав Крмов.

За претседател на Советот на Собранискиот канал е избран Јован Митревски, актуелен потпретседател на Собранието. За членови на Советот на Собранискиот канал се избраа пратениците – Ели Панова, Марија Митева, Благица Ласовска, Санарда Имери-Стафаи, Аднан Азизи, Бобан Карапејовски, Горан Мисовски, Даниела Николова, Дијана Тоска и Илир Демири. За заменици-членови на Советот на Собранискиот канал се избраа пратениците – Љупчо Пренџов, Тони Јаревски, Драгана Арсова, Имрлије Салиу-Фетаи, Садик Сулејмани, Даниела Белимова, Митко Белимова, Митко Трајчулески, Бисера Костадиновска Стојчевска, Рина Ајдари и Сали Мурати.