Цени

Поскапата струја ќе ја поскапи храната

18.06.2024 13:30

Во последните неколку месеци, граѓаните на Македонија се соочуваат со значително зголемување на цените на основните животни потреби, особено на храната. Од почетокот на неделава, граѓаните купуваат бел леб поскап за околу 10%. А во меѓувреме се најавува и нова повисока цена на струјата. Иако Регулаторната комисија рече дека ќе ги преземе сите мерки за да не влијаат врз цените на производите...

Најавата за поскапа струја отвора можност и за ново поскапување на храната, велат бизнисмените. Според нив, евентуалното поскапување на дел од производите нема да биде многу високо, но секое зголемување на надворешните трошоци, се знае како ќе се одрази врз крајната цена.

Претходно, првиот човек на Регулаторна, Марко Бислимовски, кажа дека без потребната анализа не може да се каже колку точно ќе поскапи струјата на регулираниот пазар од први јули. Но уверува дека тоа нема да предизвика ценовен шок и ги повика трговците и производителите да се воздржат од шпекулации.

Какви сметки ќе плаќаат граѓаните, но и дали ќе јадат поскапа храна, ќе почекаме уште една недела.

 

 

Борис Грујоски